Собранието на Македонската платформа против сиромаштија - МППС е составено од претставници на сите организации членки.
Собранието ги поставува насоките за сите политики на МППС и ги усвојува годишните финансиски планови и извештаи.
Претседателот е задолжен за претставување и застапување на МППС на надворешни средби и во целокупниот правен промет со трети лица.
| Претседател на МППС | |
| Билјана Дуковска | |
| president@mpps.org.mk |
Извршниот одбор е извршно тело на МППС и ги спроведува заедничките политики и ставови утврдени од Собранието, одлучува за стекнување и располагање со средствата на МППС и е одговорен за спроведување на сите проектни активности на МППС.
| Членови на Извршниот одбор на МППС | |
| Билјана Дуковска | |
| Николина Николовска | |
| Ерол Адемов | |
| Елена Нешовска | |
| Зоран Биковски | |
| Томе Крстевски | |
| Оливера Доцевска | |
| Магдалена Спасовска | |
| Сашо Матовски |
Надзорниот одбор ги врши следниве работи:
| увид во финансиското работење на МППС | |
| анализа и контрола врз финансиските извештаи на работните тела и органи на МППС | |
| контрола врз наменското користење и располагање со средствата на МППС | |
| укажува на неправилности со кои се нанесува материјална штета на МППС |
| Членови на Надзорниот одбор на МППС | |
| Бојан Велковски | |
| Даниела Антоновска | |
| Емилија Наумова |
Секретаријатот претставува извршна канцеларија за поддршка на органите на Македонската платформа против сиромаштија - МППС. За Секретаријат може да се номинира која било членка на Собранието на МППС.
Секретаријатот го избира Собранието на МППС со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членки. Мандатот на Секретаријатот е 4 години, со право на повторен избор.
Секретаријатот на МППС ги врши следните работи:
| врши редовно известување на членките за активностите на МППС | |
| идентификува можности за финансирање на МППС | |
| учествува во спроведувањето на стратешкиот план, годишна програма за работа и други акти усвоени од Собрание на МППС | |
| учествува во подготовката и спроведувањето на проекти во интерес на членките на МППС | |
| ги координира активностите на членките на МППС при спроведувањето на заеднички иницијативи и проекти | |
| организира работни групи за поднесување на заеднички иницијативи од страна на членките на МППС | |
| поднесува годишен извештај за својата работа до Извршен одбор, Надзорен одбор и Собранието на МППС |
| Секретаријат на МППС | |
| Здружение „Хуманост“ од Скопје | |
| info@mpps.org.mk |
Работните групи се формирани во рамките на следните приоритетни области на делување на МППС:
| Човекови права и недискриминација, | |
| Економски развој и социјална вклученост, | |
| Образование, | |
| Жени и родова еднаквост, | |
| Деца и млади, | |
| Роми и етнички малцинства, | |
| Домување, | |
| Здравство, | |
| Стари лица, | |
| Лица со посебни потреби, | |
| Институционален развој. |
Работните групи претставуваат форуми за размена на знаења, мислења и ставови, како и форми на соработка помеѓу членките на МППС за адресирање и решавање на прашања од заеднички интерес.
Основна цел на работните групи е обезбедување експертска поддршка на Извршниот одбор во подготовка на предлог-проекти од заеднички интерес на членките на МППС. Работните групи имаат флексибилна структура и начин на делување, што дозволува формирање ад хок работни подгрупи за адресирање и решавање на посебни прашања во рамките на горенаведените приоритетни области на делување на МППС.
Предвидено е работните групи да одржуваат редовни состаноци според однапред утврдена динамика, а по потреба да можат да комуницираат и по пат на електронска пошта или друг вид на интернет комуникација.




