Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Што е сиромаштија?

Постојат различни пристапи во дефинирањето на сиромаштијата. Според последните дебати на европско ниво, сиромаштијата е поделена на два типа: апсолутна (екстремна) и релативна сиромаштија.

Апсолутна или екстремна сиромаштија се однесува на недостигот од основните потреби за преживување. На пример, недостиг од храна, чиста вода и соодветно живеалиште, недостиг на облека или лекови и борба за опстанок. Овој тип сиромаштија е најчест во земјите во развој, но постои и во развиените земји.
Елиминацијата на апсолутната сиромаштија е еден од главните фокуси на ООН. Првата цел на Милениумската кампања на ООН е искоренување на екстремната сиромаштија и гладта. Под тоа се подразбира преполовување на бројот на луѓе кои живеат со помалку од 1 долар дневно. Сепак во земјите на ЕУ кога се зборува за сиромаштија најчесто се мисли на релативна сиромаштија.

Релативна сиромаштија се однесува на начинот на живот и примањата кои за некои луѓе се многу полоши од општиот стандард во дадена земја, што доведува до потешкотии во секојдневниот живот и нивно исклучување од учество во економските, социјалните и културните активности. Тоа секако варира од земја до земја во зависност од стандардот на остатокот на населението. Релативната сиромаштија, исто така, е сериозна и штетна, иако не колку апсолутната.
Во ЕУ има и друга дефиниција за релативна сиромаштија: 
Сиромашни се сметаат луѓе чии примања и ресурси се неадекватни во однос на стандардот кој се смета за прифатлив во средината во која живеат. Поради сиромаштијата, тие се соочуваат и со други непријатности поради невработеноста, ниските примања, лошото стамбено прашање, неадекватната здравствена заштита и ограничувањата во однос на учење, културен живот, спорт и рекреација. Тие се често исклучени од активности (економски, социјални и културни) кои им се на дофат на другите и нивниот пристап во остварување на фундаменталните права со тоа е ограничен.

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr