Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Визија, мисија и цели на МППС

 ВИЗИЈА
Визијата на МППС е општество на благосостојба, недискриминација, развој и мир.
 
 МИСИЈА
Мисијата на МППС е унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација, промоција и заштита на човековите права и слободи на сите луѓе во Република Македонија, Европа и пошироко.
 
 ЦЕЛИ НА МППС
  • Да придонесува кон намалување на сиромаштијата и поттикнување на социјалната вклученост.
  • Развивање на културните, економските, социјалните и други општествени вредности.
  • Развивање силна мрежа во борбата против сиромаштијата.
  • Работа со сиромашни заедници и нивно зајакнување.
  • Промоција на недискриминација и еднаквост за сите.
  • Унапредување на партиципативната демократија.
  • Застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, сиромаштијата, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата.
  • Подигање на свеста кај општата и стручна јавност за прашања поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост Вклучување на МППС во развиените мрежи за борба против сиромаштијата, на регионално и на европско ниво.
  • Вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливите и на дискриминираните заедници во сите процеси и нивоа на одлучување што ги засегаат нив.
  • Зајакнување на капацитетите на членките на МППС
  • Спроведување истражувања и анализи на полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, (не)дискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr