Четврток, Декември 14, 2017
Text Size

Повик за доставување на понуди за изработка на медиумски продукти

Македонската платформа против сиромаштија објавува повик за доставување на понуди за развој и изработка на 4 (четири) кратки мулти-медијални продукти на различни теми поврзани со страната на Државниот завод за статистика, достапноста и пристапноста на статистичките податоци заедно со можностите за нивно искористување и зајакнување на статистичката писменост. Конечниот облик на продуктите ќе биде направен во соработка со претставниците на ДЗС и на МППС.

Потребно е да се достави понуда за изработка на :

М.1. Видео за поставеноста и функционирањето на ДЗС

М.2. Видео за важноста и употребата на статистичките податоци во квалитетното планирање на политики засновани на докази

М.3. Инфографик за просечниот Македонец преку статистички податоци

М.4. Инфографик за состојбата на Одржливите цели во Македонија

 

Задолжителни карактеристики на сите продукти се:

- Изработка на материјалот на македонски и на англиски (можност за титлување или синхронизација)

- Користење на едноставни техники и живи бои.

- Вклучување на анимација за привлекување на внимание.

- Временска органиченост на максимум 3 минути.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Продуктите треба да бидат изработени во периодот 01 – 10 декември 2017 година.

 

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ:

Понудувачот е потребно да испрати:

- финансиска понуда со цена за изработка на секој продукт поединечно, изразена без ДДВ (проектот е ослободен од плаќање ДДВ)

- професионална биографија

- референтна листа со спроведени активности со блиски карактеристики

- пример од претходно завршени слични материјали.

 

Понудите ќе се оценуваат според критериум:

- Квалитет: 60 поени

- Цена: 40 поени

 

За предност ќе се смета:

- Искуство во работа со граѓанскиот сектор во Република Македонија и познавање на човековите права, правата и потребите на лицата од маргинализираните групи

- Познавање на темата и проблематиката која се обработува.

 

Напомена: При аплицирањето треба да се назначи за кој продукт се однесува понудата. Еден понудувач може да даде понуда за еден или за повеќе од медиумските продукти.

 

Документите со назнака Понуда за медиумски продукти треба да се испратат електронски, на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , не подоцна од 30 ноември 2017 до 16:00 часот.

 

Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 2 дена по извршениот избор на понудувач.

 

Со избраниот понудувач ќе биде склучен Договор за набавка на услуги. Врз основа на тој договор избраниот понудувач ќе има обврска на МППС да и достави готови и комплетни производи.

 

ЗАБЕЛЕШКА:

Овој повик е во рамките на развиеното стратешко партнерство на МППС со УНФПА во рамките на проектот „Зајакнување на националниот капацитет за собирање, анализа, дисеминација и употреба на популационите податоци, за информиран развој на политики и идентификување на социјалните и економските нееднаквости“.

Воспоставената соработка треба на државата да и помогне да го зајакне националниот капацитет за формулирање и следење на политики засновани на права кои ги интегрираат доказите за динамиката на населението и нивната поврзаност со одржливиот развој, вклучително и во хуманитарни услови. Партнерството е поврзано со имплементацијата на Програмата на УНФПА за периодот 2016-2020.

Превземи повик во  пдф 


Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr