Четврток, Декември 14, 2017
Text Size

Работилница на тема „Што е централен електронски регистар на население и зошто ни е потребен“

unfpa

Во рамки на развиеното стратешко партнерство меѓу МППС и УНФПА и потпишаниот меморандум за соработка со МИОА се реализираше работилница на тема „Што е централен електронски регистар на население и зошто ни е потребен“. Целта на работилницата беше да се зголеми знаењето на граѓанските организации за активностите поврзани со креирање на регистерот на население и неговата употреба при квалитетното планирање на политики засновани на докази. 

Свои излагања имаа претставници на МИОА и претсавници на ДЗС. Претставниците на МИОА, ИКТ советникот Никола Николов и г-а. Надица Јосифовски, направија преглед на досегашната работа и активностите кои треба да следат. Се претстави што може да се очекува откако ќе биде воспоставен централниот регистар на население и се споделија искуствата од други европски земји кои веќе имаат вакви регистри. Претставниците на ДЗС, директорот Апостол Симовски и г-а. Марина Мијовска се фокусираа на предностите во обработката на податоците собрани од регистри и неопходноста да се изгради достапен и квалитетен модел за дисеминација на произведените информации врз база на собраните податоци.

 

 

Од голема важност е тоа што работилницата освен информативен имаше и едукативен карактер, па присутните добија знаење за разликата во административно и статистичко работење со податоци, функционалната поврзаност на збирките со податоци на разни нивоа, но и разликата помеѓу воспоставен регистар на население и повремени пописи.

Работилницата се одржа на 16 ноември 2017 година, во хотелот Порта и е дел од проектот „Зајакнување на националниот капацитет за собирање, анализа, дисеминација и употреба на популационите податоци, за информиран развој на политики и идентификување на социјалните и економските нееднаквости“.

Фотографии од настанот 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr