Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Отворен повик за консултанти за реализација на работилници

Македонската платформа против сиромаштија објавува повик за ангажирање на консултанти за реализација на работилници во рамки на развиеното стратешко партнерство со УНФПА во рамки на проектот „Зајакнување на националниот капацитет за собирање, анализа, дисеминација и употреба на популационите податоци, за информиран развој на политики и идентификување на социјалните и економските нееднаквости“.

Воспоставената соработка треба на државата да и помогне да го зајакне националниот капацитет за формулирање и следење на политики засновани на права кои ги интегрираат доказите за динамиката на населението и нивната поврзаност со одржливиот развој, вклучително и во хуманитарни услови. Партнерството е поврзано со имплементацијата на Програмата на УНФПА за периодот 2016-2020.

АНГАЖМАНОТ ОПФАЌА:

Реализација на четири еднодневни работилници кои се фокусираат на важноста на работата со податоците на населението преку призмата на Одржливите цели (SDG's) и нивното мото „Никој да не биде изоставен“. Планирани се:

Р.1. Работилница со граѓански организации со цел зголемување на знаењето за  регистрите на население, во третата недела на ноември.

Р.2. Работилница со граѓански организации, со цел зголемување на статистичката писменост за социјалните статистики, во третата недела на ноември.

Р.3. Работилница со академија, тинк-тенкови, истражувачи и образовни институции, со работен наслов Придонес и координација за квалитетни социо-економски политики, во втората недела на декември.

Р.4. Работилница со бизнис сектор, со работен наслов Потреба и предизвици во употребата на статистички податоци за развој на бизнисите, во втората недела на декември.

Реализацијата на овие работилници ќе даде придонес во подобра употреба на податоците на населението во разбирање и справување со социјалната нееднаквост  и креирање на политики кои ќе гарантираат одржлив развој и подобар квалитет на живот за секој граѓанин.

ОЧЕКУВАНИ ПРОДУКТИ

Од секој од избраните консултанти се очекува:

- Да изработи предлог методологија и алатки за реализација на работилницата, по однапред утврдените теми и во консултација со тимот на МППС

- Да ја раководи и фацилитира работилницата, за таа да ги исполни целите за кои се реализира.

- Да ги подготви работните материјали (агенда, список за учество, прашалник за евалуација)

- Да подготви завршен извештај за целокупниот ангажман, вклучително извештај за текот и содржината на работилницата и целата пропратна документација.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Ангажманот е очекувано да трае 3 консултантски дена, соодветно за секоја работилница, во периодот 13 ноемвери – 15 декември 2017 година.

 

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ:

Консултантот треба да има знаење и искуство за и во спроведувањето на овој тип на активности за што треба да приложи соодветни докази. Апликантот треба да ги исполнува следните услови:

- Искуства во работа со граѓанскиот сектор во Република Македонија и познавање на човековите права, правата и потребите на лицата од маргинализираните групи

- Познавање на темата и проблематиката на работилницата за која аплицира

- Способности за планирање и организација

- Добри комуникациски и презентациски вештини

- Способност за работа во тим

АПЛИКАЦИЈА:

Апликантот е потребно да испрати:

- професионална биографија

- референтна листа со спроведени активности со блиски карактеристики

- предлог методологија и алатки за реализација на работилницата

Напомена: При аплицирањето треба да се назначи за која од работилниците се аплицира. Едно лице може да аплицира за повеќе работилници.

Документите со назнака Повик за консултант за работилница треба да се испратат електронски, на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , не подоцна од 10 ноември 2017 (крај на ден).

Бруто износ на консултантот од работилница е 360 долари.

Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 2 дена по извршениот избор на консултантот.

Превземи го повикот тука

 

 

 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr