Среда, Септември 20, 2017
Text Size

Работа, колку да не е без ич-Национална конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

Со задоволство ве информираме дека на 15 септември 2017 година од 10.00 часот, во Даре Џамбаз - Дом на хуманитарни организации во Скопје, Македонската платформа против сиромаштијата по шести пат ќе ја организира националната конференција на сиромашни и социјално исклучени лица.
Овие конференции се организираат со цел да овозможат да се слушне гласот на лицата кои живеат во сиромаштија или се социјално исклучени и им даваат можност своите проблеми и потреби лично да ги презентират пред владини и невладини преставници. Преку ваквиот начин на работа се промовира активно учество и вклучување на овие лица во демократска дебата која треба да даде решенија за поквалитетен живот на сите граѓани.
Секоја од претходните конференции има различна тема и резултира со донесување на Декларација на сиромашни и социјално исклучени лица, која беше доставена до надлежните државни органи. Дополнително, искуствата од оваа конференција ќе бидат пренесени на годинешната Европска конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, а која ќе се одржи во Брисел на 9 и10 ноември.
Оваа година работата ја посветуваме на вработените, а сиромашни граѓани и затоа го избравме насловот „Работа, колку да не е без ич ...“. Фокусот на дискусијата ќе биде да се надмине и прошири традиционално прифатениот концепт дека сиромашни се само оние кои немаат работа и оние кои имаат ниски плати. Ние освен за нив, сакаме да зборуваме и за лицата кои работат, но не се пријавени (сива економија), несигурните вработување (со договори на краток рок, сезонски или хонорарен ангажман) и оние кои се единствените вработени во побројни семејства. Ќе ги опфатиме и работничките права, но и безбедноста и сигурноста на работните места.
Затоа, би ни претставувало особена чест доколку присуствувате на конференцијата на лицата кои имаат искуство во проблеми на работното место и кои иако работат живеат во сиромаштија. Цениме дека вашето присуство ќе ја збогати содржината и ќе помогне во надминување на постоечката ситуација. Исто така би ве замолиле да таргетирате од едно до три лица со кои работите , а се од оваа категорија да бидат дел од конференција и лично да ги произнесат нивните проблеми.
Агендата за конференцијата ви ја доставуваме во прилог.
Доколку ви се потребни дополнителни информации може да ме контактирате на телефон 072 229 418 или преку Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Со почит,
Сашко Јованов
Национален координатор
Македонска платформа

Cover_PeP_2017

Со задоволство ве информираме дека на 15 септември 2017 година од 10.00 часот, во Даре Џамбаз - Дом на хуманитарни организации во Скопје, Македонската платформа против сиромаштијата по шести пат ќе ја организира националната конференција на сиромашни и социјално исклучени лица.

Овие конференции се организираат со цел да овозможат да се слушне гласот на лицата кои живеат во сиромаштија или се социјално исклучени и им даваат можност своите проблеми и потреби лично да ги презентират пред владини и невладини преставници. Преку ваквиот начин на работа се промовира активно учество и вклучување на овие лица во демократска дебата која треба да даде решенија за поквалитетен живот на сите граѓани.

Секоја од претходните конференции има различна тема и резултира со донесување на Декларација на сиромашни и социјално исклучени лица, која беше доставена до надлежните државни органи. Дополнително, искуствата од оваа конференција ќе бидат пренесени на годинешната Европска конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, а која ќе се одржи во Брисел на 9 и10 ноември.

Оваа година работата ја посветуваме на вработените, а сиромашни граѓани и затоа го избравме насловот „Работа, колку да не е без ич ...“. Фокусот на дискусијата ќе биде да се надмине и прошири традиционално прифатениот концепт дека сиромашни се само оние кои немаат работа и оние кои имаат ниски плати. Ние освен за нив, сакаме да зборуваме и за лицата кои работат, но не се пријавени (сива економија), несигурните вработување (со договори на краток рок, сезонски или хонорарен ангажман) и оние кои се единствените вработени во побројни семејства. Ќе ги опфатиме и работничките права, но и безбедноста и сигурноста на работните места.

 

 

Затоа, би ни претставувало особена чест доколку присуствувате на конференцијата на лицата кои имаат искуство во проблеми на работното место и кои иако работат живеат во сиромаштија.

Цениме дека вашето присуство ќе ја збогати содржината и ќе помогне во надминување на постоечката ситуација. Исто така би ве замолиле да таргетирате од едно до три лица со кои работите , а се од оваа категорија да бидат дел од конференција и лично да ги произнесат нивните проблеми.

Агендата за конференцијата 

Поканата за конференција .

Доколку ви се потребни дополнителни информации може да ме контактирате на телефон 072 229 418 или преку Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr