Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Публикација - 11 Европски состанок за луѓето кои живеат во сиромаштија - Завршен нацрт извештај

11 Evropski Sostanok На 11. Европски состанок учествуваа преку 150 делегации (луѓе со директно искуство од сиромаштија и/или бездомност) од 30 земји да размислуваат на оваа тема, под три наслови: Влијанието на кризата; Примери од практиката; и Препораки за политиката.

Делегатите разменија мислења со претставниците на националните министерства, Европската комисија, Европскиот комитет за економија и социјала, научниците, истражувачите и социјалните НВО.

Изјава на делегатите

Луѓето кои живеат во сиромаштија го дадоа својот прв придонес на 11. ЕУ- состанок за луѓето кои живеат во сиромаштија, преку заедничка декларација дадена на знаење до сите европски институции.

Делегатите на 11. ЕУ-состанок за луѓето кои живеат во сиромаштија им покажаа црвен картон на ЕУ-институциите

Но оваа година, повеќе од кога и да е, се чувствуваме напуштени од оние кои тврдат дека стојат на наша страна, работејќи за нас и со нас.Сè поголем е бројот на бездомни лица и лица кои живеат во неизвесни услови, потоа оние што ги губат своите домови бидејќи не можат да ја платат киријата или хипотеката, како и оние без дом поради дискриминација.

Невработеноста секаде е во пораст, работниците се сè повеќе несигурни, а младите не можат да си ја замислат иднината. Сето ова се случува бидејќи владите на земјите-членки и на европските институции не гледаат подалеку од фискалните сметки.

Чувствуваме дека водачите на ЕУ ги изгубиле од вид целите поради кои Европската унија била формирана пред 60 години: цели кои вклучуваат почитување на правата, распространета материјална и социјална благосостојба, солидарност и соработка.

Политиките што сега се користат за да се победат економските и финансиските кризи создаваат повеќе сиромаштија и социјална исклученост. Имаме право на примерено минимално примање, квалитетна работа, ефикасни и достапни социјални услуги, вода, струја, достоинствено место за живеење, на здравство итн.

Никогаш не сме мислеле дека европските состаноци на лица кои живеат во сиромаштија се решение за сите проблеми. Но знаеме дека ова е единствена 5 можност да се слушне нашиот глас, со директен придонес да влијаеме на обликувањето на политиките што силно нè засегаат, но кои исто така имаат и големо влијание на целото општество.

Сакаме вистинска ЕУ-стратегија на вклученост која ќе има смислени акции на локално, национално и на европско ниво, способни да ја достигнат целта на намалување на сиромаштвото во ЕУ. Како луѓе кои се директно погодени, сакаме да бидеме дел од одлучувањето за акциите што ќе се преземат и да бидеме вклучени во реализацијата и оценувањето на овие акции. Сакаме финансиските инвестиции да ги поддржат овие акции и да бидеме слушнати и видени во јавната сфера. Затоа од многуте делегати, еден или двајца ќе го напуштат состанокот за да се соберат пред зградата на Советот на ЕУ, покажувајќи им на водачите на ЕУ црвен картон и таму да ги врачат нашите пораки.


 Превземете - 11 Европски состанок за луѓето кои живеат во сиромаштија - Завршен нацрт извештај

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr