Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Публикација - Примереностa на минималното примање во ЕУ - EAPN ТОЛКУВАЧ #2

Ова е втора книшка во серијата книшки на EAPN наречена „Толкувачи“ што се обидува на разбирлив и секојдневен јазик да „објасни“ клучни теми и дебати кои се приоритетни во расправата за сиромаштијата во ЕУ. Тие се наменети, главно, за луѓе вработени во цивилните општествени организации, но исто така и за секој заинтересиран да придонесе за напредок во намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост во ЕУ. Оваа серија „Толкувачи“ се дел од активностите на EAPN за подигање на свесноста во 2010 година, европската година за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.

Од 1990 година, Европската мрежа против сиромаштијата (EAPN) е независна мрежа на невладини организации (НВО) и групи вклучени во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост во земјите-членки на ЕУ.

Оваа книшка е нацрт на Клер Шампе од Секретаријатот на EAPN, со поддршка на работната група за социјална исклученост на EAPN и Шон Џонс од Секретаријатот на EAPN. Овој документ се надоврзува на изда- дените дела од неколку истражувачи на подрачјето за сиромаштија и социјална исклученост. Детални референци до тие публикации можат да се најдат во фуснотите и библиографијата. Исто така им се заблаго- даруваме на Ерик Марлие и Хју Фрејзер за нивните корисни коментари.

Примереностa на минималното примање во ЕУ, EAPN ТОЛКУВАЧ #2 2010 е преведена за потребите на Македонската платформа против сиромаштија (MППС) со финансиска поддршка од Националната фон- дација за демократија (НЕД), како дел од проектот “Зајакнување на капацитетот на граѓанските организации да учествуваат во законодав- ниот процес,” имплементиран од Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Изразените мислења се на авторот и не значи дека ги рефлектираат мислењата на НЕД и на НДИ.

Публикацијата може да ја превземете од подолните линкови:


Превземете МКД
     Превземете АЛБ
Baner_EAPN_Tolkuvac_2_MK
Baner_EAPN_Tolkuvac_2_AL_
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr