Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Децентрализација на социјалната заштита во Р.М. - фактичка состојба,предизвици и можности на локално ниво

Во последните три години, преку низа активности, Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ директно ги поддржа напорите на Министерството за труд и социјална политика за имплементација на процесот за децентрализација на социјалната заштита во Република Македонија. Во тој процес, Институтот е посветен за промовирање на пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП). Согласно со напорите кои се преземени на национално, особено на локално ниво, основна определба на Институтот е да обезбеди поддршка на процесот за децентрализација на социјалната заштита во државата. За таа цел, на ден 30.03.2012, во партнерство со МТСП се организираше тркалезна маса под наслов „Децентрализација на системот за социјална заштита и социјално вклучување во Република Македонија – фактичка состојба, предизвици и можности на локално ниво“.

Резултат од самиот настан е оваа публикација која во себе ги содржи суштинските прашања кои беа предмет на дискусија од страна на претставниците на централната власт, единиците на локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и меѓународните организации. Составен дел од оваа публикација се, исто така, и основните наоди од студиите на БИМ-ФВ кои претставуваа основа за целокупниот процес, односно податоците за институционалната поставеност на системот за заштита, т.е. фактичката состојба на сиромашните и ранливите групи, како и постојните предизвици на ова поле.

Публикацијата може да ја превземете од подолните линкови:


Превземете МКД
Download ENG
Download ALB
ПРЕВЗЕМЕТЕ - Decentralization-of-the-Social-Protection-in-RM-MKD.pdf
DOWNLOAD - Decentralization-of-the-Social-Protection-in-RM-ENG.pdf
DOWNLOAD - Decentralization-of-the-Social-Protection-in-RM-ALB.pdf
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr