Понеделник, Ноември 20, 2017
Text Size

Студија за сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија: Локални и социјални проблеми и потреби

Оваа публикација ги обработува проблемите и потребите на локално ниво поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија. Студијата се заснова на квалитативни и квантитативни методи на истражување (кои подетално се објаснети во самата публикација) со цел преку истражување на сиромаштијата и социјалната исклученост да се проценат и социјалните потреби, а воедно и да се согледаат проблемите на осиромашените и социјално исклучените групи граѓани од осум претходно селектирани општини и тоа – Липково, Чашка, Студеничани, Неготино, Радовиш, Конче и Берово.

Посебни цели на ова истражување, кои се анализирани во оваа студија се:

  • Идентификацијата на видовите социјални проблеми и потреби на социјално исклучените граѓани.
  • Утврдување на сиромаштијата и на животниот стандард на граѓаните вклучени во истражувањето.
  • Обезбедување информации за условите на живеење и за проблемот на маргинализација и учество во локалната заедница.
  • Идентификација на формите на исклученост на сиромашните и на социјално исклучените граѓани во таргетираните општини.
  • Анализа на видовите бенефиции и услуги од социјалната заштита што се користат, како и пречките за пристап до нив.
  • Утврдување на причините за евентуалниот ограничен пристап до социјалните услуги за ранливите групи граѓани.
  • Презентирање на локалните мрежи на постојните социјални услуги и нивната расположливост (општини, центри за социјална работа
  • ЦСР, социјални, здравствени и образовни институции, невладини организации и други релевантни актери).
  • Препознавање на социјалните услуги за кои постои потреба, а недостасуваат во општините и идентификација на клучните пречки во обезбедувањето на постојниите услуги на локално ниво.
  • Давање препораки за надминување на идентификуваните социјални проблеми.
  • Обезбедување податоци што ќе можат да се искористат при подготовка на стратегиски документи за борба против социјалната исклученост и сиромаштијата во таргетираните општини.

 Превземете - Студија за сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија: Локални и социјални проблеми и потреби

 Download - Study on poverty and social exclusion in the Republic of Мacedonia: Local social problems and needs

 Studim për varfërinë dhe ç'kyçjen sociale në Republikën e Maqedonsië: Probleme dhe nevoja sociale në nivel lokal

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr