Понеделник, Февруари 19, 2018
Text Size

MPPS

Награди за новинари кои пишуваат за невидливите

 

Почитувани новинари,

Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) распишува конкурс за доделување на Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“

Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. 

Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ќе ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам. 

ВАЖНО:

  • Новинарската сторија треба да е објавена во периодот 1 февруари 2016 – 1 февруари 2018 година.
  • Објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво.
  • Сторијата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во Македонија.
  • Еден новинар може да пријави само една сторија. Може да бидат пријавени повеќе стории од иста редакција, но од различни новинари.
  • Доделените награди, нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.
  • Краен рок за доставување на сториите е 05.02.2018 година.
  • За повеќе информации пишете ни на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Сториите треба да се испратат во оргинален формат на е-маил   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , заедно со пополнет образец.

Образецот можете да го превземете  од тука 

По истекот на рокот сите новинари ќе бидат известени за резултатите. Доделувањето на наградите ќе се случи на крајот на месец февруари.

Доделувањето на Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“ се случува за прв пат во Македонија. Активноста е во рамки на проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата.

Ги очекуваме вашите пријави

 

Предизвици и проблеми на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација

1

Нејасни процедури, шетање од шалтер на шалтер, непрофесионален однос на вработените како и доцнење на исплатите за социјална помош и додаток – ова се проблемите на кои граѓаните се жалат кога треба да добијат јавна услуга.


Осумдесет и два проценти од граѓаните одговориле дека не се задоволни од јавната администрација, задоволни се само 18 проценти, а повеќе од половина рекле дека за да завршат работа мора да фаќаат врски. Најтешко достапни јавните услуги се за социјално ранливите граѓани. Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на невладините Евротинк и Платмофрма за сиромаштија - пренесува ТВ 24


Најголемо е незадоволството во здравството. Анкетираните граѓани одговориле дека Брзата помош не реагира ако станува збор за лице над 65 годишна возраст, државните болници не сакаат да го згрижат пациентот и одбиваат да го оперираат, а и покрај трајни здравствени состојби ситемот бара граѓаните посотојано да ги обновуваат и да ги приложуваат документите што ги чини време и пари.


„Ако одите поединечно и прашувате колку се задоволни, најмногу се задоволни од услугите кои ги нуди МВР, односно патните исправи, а најмалку задоволни од центрите за социјална работа. Ова укажува дека колку повеќе граѓаните ги користат услугите, толку се посредени во државата.“ - вели Дијана Жупановска – Центар за европски стратегии „Евротинк“.


Тв Телма по презентацијата на истражувањето се обиделе да спроведат и “он спот анкета“. Речиси сите кои дошле во Центарот  за социјална работа, одбиле да бидат снимани, но сите  потврдиле дека не успеале да ја завршат работата по која дошле.  Ова според Телма само ги потврдува информациите на истражувањето на Евротинк, дека само 18 одсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација, како и дека најмалку се задоволни од работата на Центрите.


Повеќе...

Промоција на извештајот од истражувањето „Предизвици и проблеми на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација“

dmin

 

Имаме чест да ве поканиме нa презентација на извештајот од истражувањето „Предизвици и проблеми на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација“ која ќе се случи на 25.12.2017, во Јавна соба, во Скопје.

Настанот ќе ја има следната агенда:

11.00 – 11.15 Отворање на настанот и презентирање на потребата од ваков извештај, Билјана Дуковска, Македонска платформа против сиромаштија

11.15 – 11.30 Важноста на документот за партиципативното креирање на политиките, Ана Малцева, Министерство за информатичко општество и администрација

11.30 – 12.00 Презентација на извештајот и заклучоците од истражувањето, Љупчо Петковски и Диана Жупаноска од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии

12.00 – 12.30 Отворена дискусија

12.30 – 13.00 Коктел

Организатор на настанот е Македонската плаформа против сиромаштија во рамки на развиеното стратешко партнерство со Фондот за население на обединетите нации, УНФПА и потпишан меморандум за соработка со МИОА во рамки на проектот „Зајакнување на националниот капацитет за собирање, анализа, дисеминација и употреба на популационите

податоци, за информиран развој на политики и идентификување на социјалните и економските нееднаквости“. Истражувањето и извештајот се изработени од страна на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии.

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте нѐ на е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефонскиот број: 077 963 672.

Македонски контекст на Сценарио 6: Одржлива Европа за нејзините граѓани

secenario6

МППС ве поканува на панел дискусија на тема „Македонски контекст на Сценарио 6: Одржлива Европа за нејзините граѓани“ на 21.12.2017 во хотел Порта, Скопје, со почеток во 10.00 часот

Ќе зборуваат:

  • Билјана Дуковска, Македонска платформа против сиромаштијата
  • Зоран Богдановски, СОС Детско село Македонија
  • Невена Смилевска, Еко-свест
  • Драгана Петрушевска, АЛДА Скопје

 

„Сценарио 6: Одржлива Европа за нејзините граѓани“ е документ изработен од повеќе од 250 европски граѓански организации, како алтернатива на петте сценарија за иднината на Европа предложени од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Во него е претставена визијата за иднината на Европа во која „одржливоста е во срцето на европскиот проект", а ЕУ се фокусира на "демократијата и учеството, социјалната и еколошката правда, солидарноста и одржливоста, почитувањето на владеењето на правото и човековите права, како во Европа, така и во целиот свет".

Идејата на оваа панел дискусија е да се престави какви акции преземаат дел од организациите членки на МППС, со цел да ги поттикне македонските граѓански организации во отворен дијалог за национална визија за одржлив развој (базирана на европската) и да иницира координирана акција за влијание врз политиките кои би го овозможиле и гарантирале истиот.

Настанот е поддржан од Европската мрежа против сиромаштија (EAPN).

За дополнителни информации може да ни пишете на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Најава за Годишно Собрание на МППС 2017

Во рамките на своите редовни активности Македонската платформа против сиромаштијата (МППС),  Ве информира дека  редовното Годишно Собрание  ќе се одржи на 21.12.2017 година , со почеток од 13.00 часот во хотел Порта,Скопје.

Дневен ред

1. Регистрација и верификација на учесниците

2. Отворање на Собранието и воведни обраќања

3. Финансиски и наративен извештај за работењето на МППС во 2017 година

4. Работа со членки

5. Избор на раководни тела

6. МППС во 2018

7. Завршни обраќања и затворање на собранието

Билјна Дуковска

Претседателка на МППС

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 23

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr