MППС присуствуваше на 11-та Европската средба на луѓето кои живеат во сиромаштијата кoja се одржа во Егмонт палата во Брисел на 10 и 11 мај на тема "Бездомништвото и домувањето во контекст на кризата".
Состанок оваа година беше фокусирана на три клучни прашања:
Во однос на бездомништво и право на домување кои се клучните разлики кои може да се види во 2012 година во споредба со 2008 година.
Од искуството на делегатите и подготовка за работа на состанокот што се "добри и лоши практики" во однос на решавање на бездомништво и право на домување кои се идентификувани.
Креирање на политики за решавање на бездомништво и станови кои се прилагодени на различните потреби и реалностите на разни поединци и заедници и може да се обезбеди еднаквост во пристапот до бездомници услуги и домување.
Институтот за човекови права Лудвиг Болцман (БИМ-ФВ Скопје) во соработка со Македонската платформа против сиромаштија, организира дводневна обука на тема: ‘’Застапување и лобирање’’.
Целта на обуката е запознавање на учесниците со застапувањето и лобирањето како битни компоненти за успешно вклучување во процесите на подготовка на законите како и начините и формите како да се подготви и поддржи успешна иницијатива за одредена политика/закон и нивно изменување или дополнување.
Обуката ќе се спроведува на 28 и 29 Мај во Скопје.
Институтот за човекови права Лудвиг Болцман (БИМ-ФВ Скопје) во соработка со Македонската платформа против сиромаштија, во перод од Февруари до Март 2012 организираа седум дводневни обуки на тема „Активно граѓанство,граѓанско учество и мониторинг на буџети на локално ниво“, во следниве општини:
Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман – Истражувачка асоцијација Скопје (БИМ‐ФВ),во рамките на проектот Социјална инклузија и човекови права во Македонија, има за цел да ја поддржи Македонската платформа против сиромаштија (МППС) во процесот на подготовка на Годишен извештај за сиромаштијата и социјалната исклученост (2011). Во согласност со оваа цел, БИМ‐Ф ги поканува сите заинтересирани членки на МППС да достават писма на интерес за подготовка на Годишен извештај за сиромаштијата и социјалната исклученост (2011). БИМ‐ФВ ќе одбере неколку лица од организациите членки на МППС на компетитивна основа.Од содржински аспект, секое избрано лице ќе биде одговорно за покривање на следните приоритетни тематски подрачја: сиромаштија и животен стандард, вработување, образование,социјална и детска заштита, пензиски систем, здравство, домување, човекови права и социјална инклузија на маргинализирани социјални групи.Во поглед на географскиот опфат, секое избрано лице ќе биде одговорно за покривање нанекој од осумте статистички региони во РМ (Вардарски, Источен, Југо‐западен, Југо‐источен,Пелагониски, Полошки, Северо‐источен и Скопски).
Основна цел
Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман – Истражувачка асоцијација Скопје (БИМ‐ФВ), во рамките на проектот Социјална инклузија и човекови права во Македонија, има за цел да ја поддржи Македонската платформа против сиромаштија (МППС) во процесот на подготовка на Годишен извештај за сиромаштијата и социјалната исклученост (2011). Во согласност со оваа цел, БИМ‐Ф ги поканува сите заинтересирани членки на МППС да достават писма на интерес за подготовка на Годишен извештај за сиромаштијата и социјалната исклученост (2011). БИМ‐ФВ ќе одбере неколку лица од организациите членки на МППС на компетитивна основа.Од содржински аспект, секое избрано лице ќе биде одговорно за покривање на следните приоритетни тематски подрачја: сиромаштија и животен стандард, вработување, образование,социјална и детска заштита, пензиски систем, здравство, домување, човекови права и социјална инклузија на маргинализирани социјални групи.Во поглед на географскиот опфат, секое избрано лице ќе биде одговорно за покривање нанекој од осумте статистички региони во РМ (Вардарски, Источен, Југо‐западен, Југо‐источен,Пелагониски, Полошки, Северо‐источен и Скопски).
На 12 декември 2010, Македонската платформа против сиромаштија - МППС како дел од кампањата против сиромаштија и социјалната исклученост го организираше донаторскиот настан:
„Заедно за децата во ризик-Вклучи се и ти!“, кој беше пренесуван во живо на Македонската телевизија.
На 12 декември 2010, Македонската платформа против сиромаштија - МППС како дел од кампањата против сиромаштија и социјалната исклученост го организираше донаторскиот настан: „Заедно за децата во ризик - Вклучи се и ти!“, кој беше пренесуван во живо на Македонската телевизија.
Работната група на МППС за реализација на овој донаторски настан одлучи дека токму 2010 година треба да се посвети на детската сиромаштија, по што како најзагрозена група на деца беа избрани децата на улица. По избирањето на оваа целна група се направи увид во дневните центри за деца на улица, со цел да се направи записник за моменталната состојба во истите и да се предвиди за што ќе се наменат собраните финансиски средства.